Спасе Јовановски, познатиот презентер на временската прогноза на ТВ Сител, попознат како Спасе – „Рола до бола“ и верен придружник на Лила Филиповска на речиси сите нејзини егзотични патувања, однеодамна и во новаводителска улога. свој подкаст на Јутјуб.
И тоа многу поинаква од онаа во која сме навикнале да го гледаме досега… И професионално и приватно, ама сепак во едно нешто истиот… Дотеран, уреден, скоцкан од раменици до петици!
Таков беше и на свдбата кај Антониа Гиговска каде со своето „жолто пиле“ едно селфи видео за спомен си направиле, па на социјалните мрежи обајцата го прикачиле!
Ама ајде, свадба е мора да си дотеран, ќе рече некој, но сепак не е така, зашто оние што го познаваат, добро знаат дека Спасе Рола не оди никаде ако не е „скоцкан до бола“! И тоа измиен, исчешлан дотеран, намирисан… стокмен во пакет! Ама баш никаде, па дури ни во маркет!
Ако некој случајно не го забележал тоа, тука е стариот временски презентер и новпечен јутјубер на тоа да ги потсети, односно самиот да се пофали. Оти што би рекле по скопски, ако сам не си се пофалиш, никој нема да те пофали… А можеби, ниту забележи!
Затоа Спасе без многу да калкулира реши сам да си се изрекламира. Еден пост на својот Фејсбук доволен за да биде задоволен. И тој и неговите следбеници на социјалните мрежи. Впрочем од фотографијата се гледа дека напишаното е во симбизоза со приложеното… Тоатално соодветствува со фотографијата, освен што парфемот преку Фејсбук не може да се почувствува!
„Некои, одат до маркет во пижами, со јутарни здив, масна коса, и крмељки у очи… Али не и Ролла! Ролла иде у ФУЛ! Плус става парфем!
Па после ќе се вртат, па наравно дека ќе се вртат! Кај и да идеш, иди у ФУЛ! Не знаеш кого ќе инспирираш по пат“ – споделил познатиот ТВ презентер и новопечен јутјубер.
И можеби не е далеку од вистината… Зашто пред некое време Теа Таировиќ ја сонуваше, па потоа си ја посака и…
Кога види, што на Рола му се сонило, тоа и му се остварило… Може што сакаш да зборуваш, ама Рола има необорив доказ на кој не можеш да не му веруваш: Селфи, речиси образ до образ со пејачката!
Па сега ти види кога одиш некаде, дали ќе одиш гол и бос, по чорапи и пижами па макар и до маркет, како дома по паркет или идеш ФУЛ! Зашто не знаеш кого ќе инспирираш по пат… А и на кого може да налеташ, а можеш на се’ живо… Па после да ти биде криво што не си излегол „у фул“ и наместо некого да инспирираш – ти дебело киксираш, а шансата си ја прокоцкал и си излегол… „абдал“!
Фото: Инстаграм и Фејсбук/Rolla Do Bolla