Снеже Велков имаше активна и исполнета година. Многу гости, одлични емисии и уште повеќе смеа од концептот на нејзината „Нешто конкретно“.
А Снеже како Снеже, не би била она што е ако не ја испрати старата година онака како што тоа го правела изминатите 364 дена.
А стартот за секој ден, па и за овој, беше вежбање по дома. Задолжителната физичка активност не ја исклучи ниту за 31-ви од рано наутро.
Дисциплинирана и достоинствено, но со еден предупредувачки елемент за пречекот на Новата 2025- сукалото. За вежбите и послужи како екстра реквизит, подоцна можеби за да замеси нешто, за 2025-та предупредување да биде добра зашто како што рекле старите „сукалото може и да заигра“.
Духовита, ведра, позитивна и исполнета со позитивни вибрации за добро утро, добар ден и добра вечер од старата 2024 и пречекот на Новата 2025 година.
Епа наздравје вежбање за нови сили во новото утро.
фото:Instagram printscreen/ velkovsneze