Радио Милева сурова вистина

Снеже Велков открива дали дебелината на паричникот носи мир во куќа, ама дали и димензиите на она нешто што еден од нејзините гости ги кажа, погрешно ги мерел?

Снеже Велков открива дали дебелината на паричникот носи мир во куќа, ама дали и димензиите на она нешто што еден од нејзините гости ги кажа, погрешно ги мерел?

Во последното изданије на емисијата „Нешто конкретно“ на Снеже Велков беа парите. Домашниот буџет, женскиот и машкиот паричник, кој го носи, а кој го троши? Чиј треба да биде подебел, за раатот во куќата да биде поголем? Има ли мое, твое или се’ е наше купче пари, кој повеќе троши, а кој повеќе крие пари? Конечно дали дебелината на паричникот го носи и мирот во куќата?

Меѓу останатите гости беше и Зоран Витанов.  Поранешен министер за економија, сега бизнисмен и мотивациски говорник. Автор на книгата „Воскресни жив“, човек кој знае како изгледа буџет со и без покрите… И уште многу други нешта поврзани со финансиите и финансиските манипулации и трансакци, арно ама, од сето тоа излезе дека едно сепак не знае!

Имено, во еден момент водителката постави многу конкретно прашање: „Дали знаете која е димензијата на банкарските картички“?

И разбирливо, од сите гости прв се истрча финансискиот експерт со констатација: „Добро прашање е тоа…“! Ама  и со грешна  констатација: „Два – тринаесет сантими, така нешто…“ – констатираше Зоран Витанов, убеден дека го има вистинскиот одговор в рака.

Всушност в рака го има секој ден… И паричникот и банкарската картичка, само што Снеже Велков  му ја соопшти суровата вистина на Витанов:

„Нешто друго ти мериш!“ – му го „плесна“ директно в лице водителката, па прсна во слатка смеа, наговестувајќи му на гостинот дека ги има „побркано димензиите“… на картичките!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Velkov Sneze (@velkovsneze)

Фото и видео: Инстаграм/velkovsneze

To top