Радио Милева сочна песна

Снеже Велков летно раскомотена и љубовно – поетски расположена, само што поединци поинаку и’ ја сфатија поезијата за ова лето… како асоцијација за цреши во деколтето?!

Снеже Велков летно раскомотена и љубовно – поетски расположена, само што поединци поинаку и’ ја сфатија поезијата за ова лето… како асоцијација за цреши во деколтето?!

Македонската ТВ водителка Снеже велков одново има „нешто конкретно“ да ни порача. И ни порача, ама не преку ТВ екраните, туку преку социјалните мрежи, поточно нејзиниот Инстаграм профил, откако онака летно раскомотена и  поетски расположена ни испорача песна… И тоа љубовна.

Онаква, каква што најчето знае и умее да сподели, полна со чувства и емоции, кои совршено се надоврзуваат и вклопуваат во летните вибрации.

Со сламен шешир на главата во деколтиран аутфит, Снеже го споделила својот летен љубовен поетски хит:

Да ме смееш,
Да ти речам: Престани ќе се задавам

Да ме гушкаш
Да ти речам: Ќе ми ги скршиш ребрата

Да ме скокоткаш
Да ти речам: Престани ќе се измочам

Да ми речеш: Те сакам
Да ти речам: Ама јас тебе повеќе

Да ми бидеш море и сонце
Да ти бидам лето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Velkov Sneze (@velkovsneze)

Вака гласи љубовната поетска порака на ТВ водителката, која поетската магија ја зачинила со две црвени црешички во раката. Охридски ли се, не ли се, сеедно… Важно да изгледаат убаво и сочно. Иако оваа стиховно – визуелна комбинација, поединци малку поинаку и ја сфатија сосе поезијата за ова лето… Како асоцијација за цреши во деколтето?!

Фото: Инстаграм/velkovsneze

To top