Кристина Димитри откако се врати во јавноста многу повеќе ја споделува приватноста, отколку она што го работи. Дали тезгите се намалија или сосема ги снема е дилима за некоја друга анализа, ама она што се гледа од авион е дека љубовта никако не и е во криза. Напротив, никогаш побујно не и цветала, иако идентитетот на посилната половина, никако не го открива. Сепак, јавноста полека како да ја подготвува за денот кога ќе раскаже со кого ја дели постелата, а Бога ми и кадата.
Последната нејзина објава која ја сподели во јавноста е токму таква. Атрактивната тетовка очигледно оддамна не дозволува никому „да и го е*е денот“ , туку напротив, таа и денот и ноќта максимално рационално ги користи. Овој пат за водено уживање во запенеото џакузи во кое пејачката испружена како на суп даска, споделила призор кој не се гледа често… Таа легната врз него, а тој проверува дали тангата и е на свое место!?
„39 со 2“ – споделила во постот пејачката иако температурата како и останатото се невидливи за „голо око“, а и Кристина подлабоко да навлегува во фото – детали, немала намера… За тоа ќе треба подводна камера!
Сепак, провокативната поза кај едни ја разбранува фантазијата колку и самата вода во пенливото џакузи, додека кај оние љубопитните предизвика коментари од типот: „Кога веќе покажуваш што правиш, кажи и со кого!?“
Иако и овој пат доволно покажа, сепак Кристина Димитри идентитетот на своето веќе и не така ново момче се’ уште му го крие од јавноста. Ниту ликот, ниту името, професијата… не му ги открива, ама затоа открива можеби една многу поважна работа, за тоа каква и е емотивната состојба: „Знам, јас сум силна за се’, а ‘слаба’ на тебе“ – споделила сексапилната тетовка додека “се топи“ како „путер на шпорет“ во неговата прегратка!
Зашто очигледно, сега само нему му е тоа дозволено. Сега само тој е џентлменот, кому доброволно му допушта… „да и го е*е денот!“
Фото: Инстаграм/kristina.dimitry