Живот и стил

Штрудла со мак: Вкусен десерт за совршен почеток на денот, меко како душа

Штрудла со мак: Вкусен десерт за совршен почеток на денот, меко како душа

Потребно е:

35 гр квасец
300 мл млеко
800 гр брашно
600 гр семе од афион
1 цело јајце
2 жолчки
кора од лимон
чаша масло
мала лажичка сол
5 лажици шеќер
6 лажици шеќер
малку млеко

Подготовка:

Растворете го квасецот во 300 мл млеко, па додадете една лажица шеќер и брашно. Оставете на топло место да се активира квасецот. Во сад изматете ги жолчките со 4 лажици шеќер. Додадете масло и сол. Постепено измешајте ги брашното и квасецот со млекото. Замесете средно меко тесто. Покријте и оставете да нарасне. Во тенџере ставете го млекото да се вари. Додадете шеќер и афион, па мешајте неколку минути на шпоретот. Од тестото направете 2 кнедли, па секоја со сукало развлечете ја со дебелина на прст. Нанесете го филот и виткајте го во штрудла. Префрлете ги штрудлите во плех обложен со хартија за печење. Покријте ги и оставете ги така половина час. Намачкајте ја штрудлата со жолчка од јајце. Печете околу 40 минути, во рерна загреана на умерена температура.

Пријатно!

To top