Уште пред официјалниот избор за „Маж на годината“ и да биде одржан (понеделник, 25.11.2024 г.) комичарот Љупчо Крстевски или Мистер Љубе, како што го знаат на социјалните мрежи, супериорно ги победи своите конкуренти со освоени 11.000 гласови! Зад него останаа со 4.200 гласови јутјуберот Стефан Лазаров како втор и актерот Стефан Николовски со 2.400 гласови како третопласиран.
И уште не стигна да и се израдува на наградата, кога животот на популарниот Мистер Љубе му донесе уште поголема радост. „Мажот на годината“ од социјалните мрежи сега ја доби и втората жена на својот живот… која му е крвна врска!
Имено, неговата сопруга се породи и на свет донесе женска принова во семејството, а комичарот по втор пат стана татко на прекрасна ќеркичка.
„Денес се роди мојата втора радост. Нека расте жива, здрава и среќна. Добредојде Јоана. Фала ти Господе“ – споделил комичарот на својот Фејсбук профил, обзнанувајќи ја и радосната вест и името на новородената ќеркичка, која е втора во семејството.
Имено, Љупчо Крстевски е во брак со сопругата Елена Писмановска со која покрај Јоана, веќе ја имаат и првородената ќеркичка Илијана.
Пресреќниот татко не стигна на сите поеединечно да им се заблагодари на честитките, ама затоа тоа го направи групно, со едно стори видео:
Но, „мажот на годината“ не само што го прошири своето семејство, туку го прошири и „семејството на свои следбеници“ на социјалните мрежи за нови десет илјади, па меѓудругото и со тоа достигнување стигна да се пофали на својот Инстаграм:
View this post on Instagram
Инаку, за потсетување, Љупчо Крстевски јавноста своевремено го запозна по неговото учество во хумористичното шоу К-15.
View this post on Instagram
Тој денес е актуелен на социјалните мрежи, особено на Инстаграм како mr. ljube, профил кој го следат илјадници верни следбеници. Со своите кратки видеа и хумористични изведби, тој продолжува да ја забавува, расположува и смее својата публика.
View this post on Instagram
Фото: Фејсбук/Ljupcho Krstevski/Elena Pismanovska и Инстаграм/mr.ljube