Познато ви е дека внесувањето на соодветна количина течности е важно за организмот. Но, дали е добро да пиеме вода веднаш откако ќе станеме од кревет?
Одговорот претпоставувате дека е потврден, се случуваат 7 промени во телото за кои не сте ни свесни.
Телото се ослободува од штетни материи
Во текот на ноќта нашето тело закрепнува и во тоа време доаѓа до разградување на внесените токсини во организмот. Кога ќе се напиеме чаша вода му помагаме на телот да ги исфрли овие штетни материи. Доволната количина течности исто така поттикнува производство на нови крвни зрнца.
Се забрзува метаболизмот
Пиењето вода на празен желудник ја зголемува потрошувачката на енергија до 24 проценти во следните 60 минути. поголема метаболичка активност значи подобра работа на дигестивниот систем. Ако сакате да изгубите неколку килограми, тоа ќе ви биде полесно ако побрзо ја варите храната. Наутро се препорачува да пиете млака вода.
Кожата станува поблескава
Дехидрацијата доведува до ширење на порите и создавање привремени брчки на телото. Пиењето вода ја поттикнува циркулацијата, а тоа го подобрува изгледот на кожата.
Поцврста коса
Премалку течности може да има големо влијание на растот на косата. Водата прави четвртина од тежината на вашата коса и ја влажни од внатре. Недоволно течности предизвикува тенка и кршлива коса. Пиењето вода наутро има позитивно влијание на косата.
Се намалува ризикот од добивање камен во бубрег и уринарни инфекции
Утринското пиење вода е важно за да избегнете појава на камен во бубрег и инфекции на мочните канали. Доволната количина вода ја разградува желудочната киселина и ги отстранува токсините од телото.
Се подобрува имуниот систем
Пиењето вода на празен желудник помага во одржување на рамнотежа на лимфниот систем, правејќи ве помалку чувствителни на патогени и болести.
Се подобрува варењето на храната
Нарушувањето со варењето настанува поради зголемена киселина во желудникот. Пиењето вода на празен желудник веднаш штом станете ја разградува киселината и спречува појава на киселина. Освен тоа, желудникот со вода на најдобар начин се подготвува за појадок.
Извор: Попара