Од непознатите селски дворови каде што се готви по стари рецепти, па сè до модерните урбани бистроа и врвни гурмански ресторани – македонската кујна конечно добива ново телевизиско патување.
Овој викенд на Канал 5 телевизија започна да се емитува новото забавно кулинарско ТВ шоу „Шопска шоу“, чиј водител е познатиот македонски ТВ лик Томче Јосимовски. Гледачите веќе го паметат Јосимовски по неговите патувања низ најубавите македонски села, каде што откриваше приказни за традицијата, луѓето и природата. Но овојпат неговата мисија е поинаква – да ги пронајде највкусните гастрономски дестинации во Македонија.
Во „Шопска шоу“ секоја епизода е ново гастрономско доживување. Од мирисот на домашно подготвена храна во малите семејни кујни, па сè до модерните рецепти што се служат во најпопуларните ресторани – шоуто ќе ги открива приказните што се кријат зад секоја чинија.
Од урбаните бистроа во Скопје до скриените гурмански бисери покрај езерото во Охрид, оваа телевизиска гастро авантура ќе ги води гледачите на места каде што добрата храна се претвора во вистинско уживање.
„Шопска шоу“ ќе се емитува секој викенд – сабота и недела од 10 часот наутро, нудејќи идеална инспирација за сите оние кои сакаат да откријат нови места за викенд ручек, семејна прошетка или гурманска авантура. Со многу вкусни приказни, интересни луѓе и автентични рецепти, ова шоу ветува дека ќе стане новиот омилен викенд ритуал за сите љубители на македонската кујна.







