Победникот на последната сезона на „Ѕвездите на Гранд“,Никола Станишиќ е оправдано еуфоричен од и по победата во популарното регионално шоу.
Клучевите од автомобилот кој го освои му ги дадоа на рака, а веќе денес го чека уште еден голем ден – можеби и најемотивниот.
Станишиќ се враќа дома во Скопје!

Никола ќе биде свечено пречекан пред своите сожители и поддржувачи и сите оние горди Македонци на успехот на талентираниот пејач и идна регионална ѕвезда.
Ова случување веќе го потврди и градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александрар Стојкоски.

-Да го поздравиме нашиот херој како што заслужува и да ја слушнема победничката песна- стои во објавата.
Вечерта за паметење (петок 11.Јули) е закажана на паркот Ѓорче Петров со почеток од 19 часот.
Додека изминуваат часовите за она што следи во најава, Никола се присети и на своето учество во „Ѕвездите на Пинк“ во 2016 година кога тогашниот член на жирито, а сега покоен Шабан Шаулиќ му предвиди дека славата многу скоро ќе го стигне.
-2016… детенце малечко, ова е мојот почеток и на самиот мој почеток го добив овој коментар од легендарниот Шабан Шаулиќ кој тогаш му кажа вака:
-Млад си, колку време е пред тебе, а веќе знаеш дека пееш, тука нема што. Ти си богами идна ѕвезда и тоа многу, многу брзо, коментираше Шабан.
Тоа брзо веќе го стигна Никола кој всушност допрва тргнува на патот кон ѕвездите…
фото: Instagram printscreen/nikolastanisik







