Ќерката на Анабела Атијас и Гаги Ѓогани, Нина Ѓогани беше во сенка на нејзината постара сестра Луна, која се прослави во реалното шоу, но тоа сега може да се промени.
Таа одлучи да започне самостојна кариера, но не естрада, како што многумина шпекулираа.
Нина реши да се занимава со фитнес. Оваа млада инфлуенсерка која до сега заработуваше преку спонзорирани објави на социјалните мрежи, реши својата страст за фитнес да ја претвори во професионален ангажман и почна да работи како личен тренер во теретана.
– Девојки, отсега можете да закажувате лични тренинзи со мене – стои во описот на објавата на Нина.
View this post on Instagram
Она што особено го привлече вниманието на јавноста е фактот дека Нина сака да работи исклучиво со женска клиентела.
Оваа одлука предизвика различни реакции кај нејзините следбеници.
Да потсетиме, Нина пред неколку месеци беше фотографирана пред Централниот затвор во Белград, а потоа призна дека нејзиниот партнер е приведен.
фото: print Screen/Instagram