Радио Милева статус и сантиметри...

Сењорита Мистериоза со две теории за мажите… за оние неженетите и оние што зрачат (ВИДЕО)

Сењорита Мистериоза со две теории за мажите… за оние неженетите и оние што зрачат (ВИДЕО)

Дамата која на социјалните мрежи го забавува „граџанството“ со  „мудри мисли“ и практични совети“ и овој пат имаше нешто да им сподели на своите следбеници. И на мажите и на жените, и на неженетите и на немажените, иако  двете теории  за мажите важат и заените и за другите.

Имено, Сењорита Мистериоза, како што и е уметничко име или прекарот зад кој стои слатката, синоока „сајз плус“ црнка,  чии објави колку и да ви звучат на моменти како „чиста небулоза“,  верувајте дека во зборовите од нејзините видеа има барем половина вистина и тоа најчесто – животна!

Први на мета од обата пола, овој пат беше оној нејзиниот, понежниот, ако така може да се каже… Да не се разбереме погрешно, не заради неа, туку заради фактот што жените денес светот го вртат од позадина, а мажите… стојат пред нив. Зашто како што вели една стара мудра мисла: „Зад секој успешен маж, стои успешна жена“, нели? Та бил убав или грд, сеедно! Или не е баш сеедно? Не барем според Сењорита Мистериоза, зашто таа има своја теорија за убавите жени кои се во шема со грди мажи. А нејзината теорија гласи вака (види го видото подолу):

Што значи нека е грд, ама важно да зрачи… А, се’ што зрачи, зрачи преку антена… Како најважниот од сите параметри… Од 18 сантиметри. Или аналогно на успехот кај половите, сега според теоријата на оние „озрачените“ излегува дека: „Зад секоја успешна жена, стои… потентен маж“!

Што се однесува до мажите, Сењорита Мистериоза нив ги удрила по брачниот статус. Според неа теоретски кажано, што подолго си неженет толку  ти се шансите поголеми да земеш „пообработена жена“!

Со мала напомена дека ако сте „папучар“ и дозволувате жената „да ви врзе машна“, ќе ви ја работат и оваа што ви е сегашна!

Не дека теоријава на „синооката сењорита“ не држи вода, ама недоумица е дали истата важи и кога е во прашање обратното: Што подолго сте немажени, сте една од оние, идните „баеги обработени“ кои подоцна ќе ги оженат оние што долго чекаат? Барем така би било ако истото важи аналогно на нејзината машка теорија!?

А, колку што е познато, „загадочната госпоѓица“ е жена во чиј брачен статус се’ уште стои: НЕМАЖЕНА!!!

Фото и видео: Инстаграм/senorita.misteriosa

 

To top