Мегафон Нови детали за трагедијата

Се запалила платнената завеса, од неа покривот, па паднала кровната конструкција: Клубот имал само еден излез, се создало стампедо, присутните во обидот да се спасат се газеле и гушеле во чад

Се запалила платнената завеса, од неа покривот, па паднала кровната конструкција: Клубот имал само еден излез, се создало стампедо, присутните во обидот да се спасат се газеле и гушеле во чад

Страшна била глетката кога настанал пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Сведоци посочуваат дека  објектот имал само еден излез, а пожарот брзо се ширел. Тие опишуваат дека станува збор за излез кој е 90 х 90, а присутните почнале да се гушат од густиот чад и во обидот да излезат и да се спасат  се направило стампедо.

Според сведоштвата, од пиротехниката се запалила декоративна завеса поставена на под таванот, а потоа од неа и цела кровна конструкција. Паднал и таванот заедно со покривот, во моментите додека присутните се обиделе да се евакуираат буквално газејќи се во стампедо кон излезот.

Дискотеката функционирала долги години. Се менувале сопствениците, но во сопственичката структура постојано имало едно лице кое сега е повредено. Дел од организаторите се во полициските станици, а меѓу нив има и тешко повредени.

Неофицијалните информации се дека објектот, кој е сместен во несоодветен објект – куќа, имал дозвола за извршување на оваа дејност. На некои од прозорците имало  решетки, кои биле отстранувани од жителите, кои ги спасувале посетителите.

To top