Живот и стил

Сè повеќе луѓе ги закопуваат своите гаќи и чекаат 60 дена, причината ќе ве изненади

Сè повеќе луѓе ги закопуваат своите гаќи и чекаат 60 дена, причината ќе ве изненади

Сè повеќе луѓе ја закопуваат својата долна облека во својата градина, а причината сигурно ќе ве изненади.

Имено, овој необичен метод го препорачува Коалицијата за здравје на почвата во Пенсилванија, американска иницијатива која ги собира организациите посветени на здравјето на почвата.

Тие советуваат да се закопа еден пар 100% памучна долна облека во градината – за да се провери активноста на микроорганизмите во почвата.

Иако звучи чудно, тоа е глобален предизвик кој се прошири низ целиот свет, вклучително и Европа. Целта е иста – да се подигне свеста за важноста на здравата почва. Иако ова може да изгледа чудно и малку смешно кај нас, всушност е корисно.

Како да се направи тоа?

-Изберете памучна долна облека (може да биде нова или стара)
-Ископајте дупка длабока 10-15 см и закопајте ја
-Означете го местото со знаменце или стапче
-Запомнете го датумот и вратете се за 60 дена
-Внимателно ископајте ја и проверете ја нејзината состојба

Зошто е ова корисно?

Здравата почва е дом на милијарди микроорганизми кои ја разградуваат органската материја. Памукот им служи како храна бидејќи содржи јаглерод. Ако алиштата речиси исчезнале – почвата е богата со микроорганизми и здрава. Ако остане речиси недопрена – земјата нема живот и има потреба од подобрување.

Foto: Freepik

To top