Ана и Предраг Рајковиќ станаа горди родители на малото девојче Нора.
Убавата Ана Рајковиќ се породи на 4 септември, а истиот ден гордиот татко, српски репрезентативец објави слика од сопругата и ќерката. После неколку дена Ана го напуштила породилиштето, на излезот ја чекале синовите, а само пет дена по породувањето, манекенката решила да го прослави раѓањето на третото дете со семејството и пријателите во клуб во главниот град.
На социјалните мрежи се појави видео на кое таа и нејзиниот сопруг Предраг страсно танцуваат на хитот „Шеик“ на Лепа Брена, додека на гордиот тато му е искината кошулата.
View this post on Instagram
фото: printscreen/instgaram/rajkovic__ana