Ќерката на починатата пејачка легенда Џеј Рамадановски, Марија денеска, 11 јули 2024, четврток, се породила и родила ќеркичка, пишува Курир. Марија се породила со царски рез, а според медиумите се поминало во најдобар ред. Малата принцеза го добила името Миа.
Да потсетиме, минатата година Марија и нејзиниот избраник се заколнаа на вечна љубов и приредија гала свадбена прослава во елитен ресторан во Белград. Ќерката на Џеј го кажа своето судбоносно „ДА“ пред матичарот под куполата на базенот, а таа го задржа моминското презиме и на своето го додаде неговото – Давидовиќ.
„Подготвени сме, двајцата сме возбудени. На тато многу ми недостига, како без него, затоа ја избравме неговата песна за првиот танц.
Стефан беше упорен, ме освои неговата добрина и вниманието што ми го посветува“ – рече тогаш Марија.
View this post on Instagram
На тие нејзини зборови Стефан додаде:
„Се запознавме во кафуле, јас бев со дрштво, а таа седеше таму со другарките и тоа беше љубов на прв поглед. Во тој момент знаев која е таа.
Фото: Инстаграм/marija_ramadanovski