Радио Милева женскиот заводник „рипна во тавче“

Се ожени уште една македонска „Ѕвезда на Гранд“: Жените по него лудуваа, а Филип Пецовски во најголема тајност само нејзе и кажа ДА (ФОТО)

Се ожени уште една македонска „Ѕвезда на Гранд“: Жените по него лудуваа, а Филип Пецовски во најголема тајност само нејзе и кажа ДА (ФОТО)

Уште еден Македонец,  учесник и финалист во најгледаното регионално музичко натпреварување  – „Ѕвездите на Гранд“,  Филип Пецовски пред неколку дена се ожени.

Тој минатата година се сврши со својата избраничка Марија Станковска, а се венчаа пред неколку дена во најголема тајност.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FILIP PECOVSKI (@filippecovski)

Интимната свадбена церемонија се одржала во тесен круг на семејството и пријателите, а младите се заколнале едн на друг на вечна љубов.

Невестата, која инаку е сопственичка на студио за убавина во  центарот на Скопје, блеснала во тесна бела сатенска венчаница, додека младоженецот облекол елегантен црно-бел костум ( бело палто и црни панталони) кој одлично му прилега.

По венчавката, Филип на социјалните мрежи споделил неколку фотографии од „судбоносниот ден“, додека во коментарите преовладуваа  честитките.

„Господин и г-ѓа Пецовски“ – напишал пејачот покрај фотографиите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FILIP PECOVSKI (@filippecovski)

Згодниот Македонец беше еден од финалистите на „Ѕвездите на Гранд“ во 2018 година, а вниманието на публиката го привлече како со своите вокални способности, така  и со интереснаите кореографии со кои го крена на нозе целото студио.

Пецовски уште од првото појавување во „Ѕвездите на Гранд“ важеше за голем заводник, по кого жените едноставно лудуваа. Во едно интервју за Гранд изјави дека не сака да го покажува ниту раскажува за својот љубовен живот во јавноста.

„Љубовниот живот го чувам во тајност, моментално сум посветен на мојата музичка кариера. Ќе дојде време да одговорам на ова прашање. Јас сум искрен и верен на себе, сакам личност која ќе ме сака и цени таква каква што сум“ – рече тој во една прилика.

Во едно свое интервју за естрадниот ТВ магазин „Бектејџ“, Филип  меѓу останатото одговараше и на инересни интимни прашања за машко – женските релации и односите меѓу половите, па сега кога е женет човек, интересно е да ве потсетиме како размислувал тогаш еден од „најпоскауваните естрадни ергени“…

Фото: Инстаграм/filippecovski/Гранд онлајн

Видео: Јутјуб/Бекстејџ

To top