Радио Милева сите погледи во нив...

Се ожени Кун од „2Бона“: Марио Јелиќ својата вереница Исидора ја однесе пред олтар! (ВИДЕО)

Се ожени Кун од „2Бона“: Марио Јелиќ својата вереница Исидора ја однесе пред олтар! (ВИДЕО)

Марио Јелиќ-Кун, едната половина од познатото и популарно (т)рап дуо „2Бона“ се ожени.

Во првиот викенд од месец септември 2025  тој и неговата вереница Исидора Станојевиќ стапија во брак.

Популарниот музичар  и неговата избраничка се заколнаа на вечна љубов најпрвин пред свештеништвото во католичкиот храм „Пресвето срце Исусово“ во Скопје, каде младите и нивниот брак беа благословени, а по венчалниот обред како што е редот, младоженецот на излегување од храмот ја бакна невестата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Isidora Jelikj (@icydorah)

Претходно Исидора правеше и „моминска вечер“ со другарките…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Isidora Jelikj (@icydorah)

Марио и Исидора  откако се венчаа во црква и склучија граѓански брак, заминаа на договорената локација каде се беше подготвено и сервирано за да започне големата свадбена веселба со нивни блиски.

Се играше, пееше, прославуваше и веселеше, а веселата невеста носела две креации од ателјето Коцарева. За официјалните церемониите таа избрала долг бел фустан со корсет и тантела додека за свадбената прослава ќе се пресоблече во модерен и елегантен мини фустан.

Инаку, Марио и Исидора се верија минатата година. Пред два месеца, нивната приказна излезе во пошироката јавност, откако обајцата решија јавно и отворено да проговорат за синдромот со кој Исидора е родена. Имено, младата сега веќе сопруга на Кун е родена без матка и не може да износи свои деца.

За тоа таа отворено зборуваше во поткастот на Лазаров, појаснувајќи ја целата ситуација од моментот на дознавањето на ситуацијата од страна на нејзината мајка, која иронијата на судбината да биде поголема е гинеколог, до моментот на сознанието на самата Исидора со каков проблем се соочува.

Тоа не ја загрозило воопшто нејзината љубов со музичарот Кун, дури и ја зацврстило врската која неодамна беше крунисана со брак!

Фото и видео: Инстаграм/icydorah

To top