Се омажи прилепската ТВ водителка и модел Жаки Блонд… Жаклина Мисиркоска стана Апостоловиќ, откако ставила брачен потпис во книгата за венчани во прилепската служба за матични работи!
Регистрацијата се случила само во најтесниот круг, односно во присуство само на обавезните сведоци. Сега веќе тазе сопружниците на регистрацијата дошле облечени необврзно, онака кежуал, лежено…
Инакум под вистинското име и презиме Жаклина Мисиркоска веројатно ја познаваат само малкумина. Ама као кажете Жаки Блонд или Jacqueline Jackie како што се потпишува на социјалните мрежи, многумина од вас ќе ја препознаат.
Прилепчанката е модел, играше во неколку македонски видеоспота, а едно време работеше и како ТВ водителка на „Естрада Плус“.
Инаку бивша девојка од зад шалтерот во една прилепска обложувалница, а последно работеше во електронско мини казино.
Водителската кариера на русокосата прилепчанка не и траеше кој знае колку долго, ама затоа расната убавица долго не престана да сппоелува разголени фотографии на своите профили на социјалните мрежи.
Нејзините еротски фотосесии во кои природно надарената Жаки ги споделува убавините на својот телесен раскош неретко го красеа нејзиниот Инстаграм или Фесјбук профил.
До душа цицлестата блондинка никогаш не покажала експлицитно ништо „пиштол голо“, но сепак доволно за да ја разбуди машката имагинација и разбранува волшебната игра на сите сетила.
Дали со стапувањето во брак на фотомоделството му „ пиша крст“ допрва ќе видиме, но дека со ставањето брачен потпис го смени презимето е повеќе од сигурно, па дури и на својот Фејсбук, Мисиркоска сподели: „Засекогаш Апостоловиќ“!
При тоа во описот на нејзиното „ФБ интро“ Жаклина веднаш го сменила и брачниот статус во – мажена!
Дали по брачниот статус и презимето „засекогаш “ ќе го смени и местото на живеење е големо прашање?
До душа зетот е по потекло од соседна Србија, каде додека беа во врска Жаки претходно неретко знаеше да престојува, арно ама граѓанскиот брак сосе регистрација, сепак се случил во Прилепа града, во Македонија, па затоа е нејасно дали ќе добиеме уште една српска снашка или нов македонски домазет?
Како и да е, брачната среќа нека им е за навека, или што би рекла и самата Жаки Блонд – “засекогаш“!
Фото: Инстаграм и Фејсбук/Jacqueline Jackie