Адријана Лима се огласи на Инстаграм и објави дека се омажила за долгогодишниот партнер Андре Лемер, со кој има син.
Имено, таа објави фотографија од нивните раце на кои се гледаат бурмите, а тие позираат на плажа.
„Официјално г-дин и г-ѓа Лемер“, напиша манекенката на фотографијата.
Потсетуваме, Лима претходно беше во брак со поранешниот српски кошаркар Марко Јариќ и со него има две ќерки Валентина и Сијена. Таа ја потврди врската со Лемер во 2021 година.
Udala se Adrijana Lima pic.twitter.com/bmTlD3MWFe
— Arsil (@arsagarson) December 17, 2024
фото: printscreen/instgaram/adrianalima