Пејачката Цеца Ражнатовиќ се огласи преку својот Инстаграм профил по смртта на музичарот Бора Ѓорѓевиќ.
Цеца Ражнатовиќ проговори по веста дека легендарниот рокер Бора Ѓорѓевиќ (72) починал по тешка битка со опасна болест.
Фронтменот на групата „Рибља чорба“ последните неколку дена лежеше во Клиничкиот центар во Љубљана, интубиран и за жал ја загуби битката по 15 дена борба.
Обземена од болка Ражнатовиќ во оваа прилика преку својот Инстаграм профил истакна:
– Збогум драг мој пријателе, легендо… Ти беше голем уметник за мене.
фото: print Screen/Instagram