Директорот на „Гранд“ доживеал незгода поради која се лекува на Институтот за ортопедија „Бањица“.
На Институтот за ортопедија во Бањица згрижен е Саша Поповиќ, креативниот директор на „Гранд“ продукција. Како што објавија тамошните медиуми , Саша има проблем со ногата која е во гипс до коленото.
Сега по овој повод и „Гранд“ продукција објави:
– Саша Поповиќ имаше несреќа, кога падна на скалило и ја скрши ногата. На Институтот за ортопедија „Бањица“ му била укажана соодветна помош и му била ставена лонгета. Тој се чувствува добро и сега е дома. Ви благодариме на сите за грижата – стои во официјалното соопштение на „Гранд“.
Потсетуваме, во оваа прилика се огласи и неговата сопруга Сузана Јовановиќ, која очекувано не била расположена за разговор:
– Во болница сум со Саша, ве молам оставете ме сега – кратко кажала Јовановиќ.
фото: printskrin/instgaram/sasa_popovic_grand