Радио Милева во топлите краеви

Сања Цинцева летна за Кенија: Ги нахрани животните но уживаше и на плажа во Африка (видео)

Сања Цинцева летна за Кенија: Ги нахрани животните но уживаше и на плажа во Африка  (видео)

Македонската фолк пејачка Сања Цинцева – Барбика го наполни  куферот и замина.

Веројатно на пејачката стиденото време и зимата не и се баш омилени па затоа смени континент и летна за Афика и пристигна во Кенија.

За нејзиното патување таа се пофали и пред следбениците на социјалната мрежа Инстаграм па откако сними сѐ сподели со сите кои ја следат, па им покажа што точно  прави таму и што сѐ видела.

Таа најпрвин се пофали со убавиот летен поглед кој го сними од апартманот каде била сместена покажувајќи ја убавината и ситниот песок.

Плажа како плажа но, на оваа се сончаат не само луѓе туку и камили.

А Барби не чекаше многу туку  заедно со друштвото тргна да ги освежи и нахрани.

Секако пејачката покажа дека направила и обиколка на местото каде што летува додека кај нас е зима , а попатно сретнала и други животни за хранење со кои со задоволство и  се  фотографирала.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SANJA CINCEVA (@sanjacincevaa)

Но, секако за целосно совршенство, Сања седнала и на ладовина под чадорите да одмори од високата температура.

Судејќи според видеата и фотографиите на социјалните мрежи нема сомнеж дека Барби добро го троши времето додека е таму.

фото: printscreen/instgaram

To top