Живот и стил

Рижото со тиква: Лесно за правење, а заситувачко јадење со омилената сезонска намирница

Рижото со тиква: Лесно за правење, а заситувачко јадење со омилената сезонска намирница

Потребно е:

250 гр тиква
1 чаша ориз рижото
1 кромид
1 чешне лук
50 гр путер
500 мл супа
5-6 листови жалфија
пармезан, сол, бибер

Подготовка:

На путер пропржете ги кромидот и лукот, додадете ја тиквата исечкана на коцки, а потоа и оризот.

Се динста кратко, па постепено се додава бујон, мешајќи додека оризот не омекне. Додадете ја жалфија, пармезанот и путерот кон крајот.

Добар апетит!

Фото: FreePick

To top