Живот и стил

Рецепт за ролат од тиква со крем од костени

Рецепт за ролат од тиква со крем од костени

Потребни состојки:

3 јајца
150 грама шеќер
120 грама брашно
1 кесичка пудинг од ванила
1 лажичка прашок за печиво
Прстофат сол
150 грама пире од тиква
500 грама пире од костени (може и готово)
400 мл слатка павлака

Начин на подготовка:

Тиквата исечкајте ја на коцки и сварете ја на пареа, па пасирајте ја во пире. Загрејте ја рерната на 180°C.
Подгответе плех (30 x 38 см) со хартија за печење.
Во една сад измешајте ги сите суви состојки: брашното, пудингот, прашокот за печиво и солта.
Во друг сад, матете ги јајцата со шеќерот и прстофат сол околу 8 минути, додека не добиете светла и пенеста смеса.
Постепено додавајте ги сувите состојки, потоа додадете го пирето од тиква, внимателно мешајќи за да се соедини смесата.
Излејте ја смесата во плехот и печете 12–14 минути. Веднаш штом е печено, превртете го тестото на влажна кујнска крпа посипана со шеќер во прав, тргнете ја хартијата и внимателно завиткајте го ролатот од пократката страна. Оставете да се излади целосно.
Изматете ја слатката павлака до цврст шлаг. Додајте го костен пире и соединете во мазна крема.
Изладениот ролат внимателно одмотајте го. Премачкајте го со кремот од костени. Повторно завиткајте го и оставете го во фрижидер неколку часа за да се стегне. По желба, декорирајте со остатокот од кремот или со шеќер во прав.

Совет: За уште повпечатлив изглед и вкус, украсете со малку цимет.

извор:курир.мк
фото:Freepik

To top