Радио Милева fusion билдер...

Ред ноти, ред мускули: Ни е Тарзан, ни Супермен, ниту Шварценегер, туку ова набилдано момче е најпознатиот македонски џезер (ВИДЕО)

Ред ноти, ред мускули: Ни е Тарзан, ни Супермен, ниту Шварценегер, туку ова набилдано момче е најпознатиот македонски џезер (ВИДЕО)

Ако го погледнете вака одзади до појас гол, тешко би поверувале дека во овој арслан лежи нежна уметничка душа. Најчесто ваквите ги земаат за пеливани, бодигарди  или евентуално за оние што стојат на врата во дискотеките и ноќните клубови, а не за музичари кои во истите тие простори имаат свои концертни настапи, ама… Окото најчесто лаже, па затоа и не случајно стиховите на една песна велат: „Не суди по амбалажа…“!

Гледајќи го вака развиен, додека се истегнува можеби некој и ќе го препознае или ќе се досети за кого се работи. Комбинација, фузија од природна градба и вежбање, ред ноти, ред мускули, во зависност од тоа дали билда или свири?!

Дури кога ќе заврти со ликот кон камерата ќе    го препознаете и кој е и каква му е намерата. Ни е Тарзан, ни Супермен, ниту Шварценегер, туку ова набилдано момче е најпознатиот македонски џезер – Владимир Василевски – Четкар! Тоа што изгледа како да се подготвил за медал на натпревар за Мистер фитнес, а не за музички настапи низ Америка, е друга работа.

Што би рекол еден од неговите охриѓани: „Ко желка ушка да носиш“! Да ми простиш, ама човекот апсолутно имал право, зашто Четкар изгледа „нездраво“ здраво! Налик на познатиот холивудски лик, само што овој нашиов е охридскиот Супермен – човекот од челик!

Здравиот дух најдобро опстојува во здраво тело, па затоа ваквите подготовки за претстојните американски концерти на еден од нашите најголеми гитарски џез експерти се не само препорачливи, туку и речиси обавезни!  Тело – „превртена пирамида“, стомачни – „Тоблероне“, иако резултатот не е нов, туку од порано, а ова е само одржување на формата, за случајно „пирамидата“ да не се урне, а „тоблеронето“  да не се стопи.

После прикажаното, кај Четкар едно е евидентно: На ваков лепотан од музичар, не му треба бодигард!

 

 

Фото/Видео: Инстаграм/vladimir_cetkar

 

To top