Вчера, (18. Февруари) беше навистина весело и распеано во утринската програма „Здраво Македонијо“.
Меѓу неколкуте гости и познатиот македонски театарски, филмски, телевизиски глумец и музичар, штипјанецот Раде Рогожаров.

Познат по својот ведар дух и позитивна енергија, Рогожаров навистина направи позитивен хаос од рано наутрои во студиото на Канал 5 телевизија.
Без насмевка на лицето не остана буквално никој од присутните, а Раде на водителите им изнуди дури и солзи од предизвикани од смеа.
View this post on Instagram
На песната и беше даден повеќе простор одошто на зборувањето, па на ред од утринскиот музички репертоар на веселиот Раде дојде и „Ерген одев“, иако во студиото ергени немаше.
Реакциите на социјалните мрежи и повеќе од позитивни и такви дека вака весело, убаво би било да биде секој ден, особено со вака избрана екипа.
фото: Instagram printscreen/utrinska_zdravo_makedonijo




