Разобличувањето на Шон Комбс – „Диди“ продолжува со новиот документарен филм, под наслов „Пропаста на Диди“ (The Fall of Diddy).
Продуцентите на документарецот „Quiet on Set: The Dark Side of Kids TV“ (Тишината на сетот: Мрачната страна на ТВ Кидс), во партнерство со „Ролинг стоун“, ги истражуваат обвинувањата кон американскиот рапер, преку повеќе од 30 нови интервјуа со тужителите, поранешни вработени на Комбс, пријатели и други лица. Документарната серија од четири дела ќе има премиера на 27. и 28 јануари, на „Дискавери инвестигејшн“ и „Макс“.
Поранешната девојка на Комбс, манекенката Кет Пешн сведочи дека хип-хоп магнатот ја принудил на секс во 2021 година под дејство на „туси“ – рекреативна дрога.
-Тој беше со часови во бањата, а јас спиев. И, тој излезе… И ме буди… Ми вели дека не може веќе да одам да спијам, оти „ги очекува X, Y и Z“ од мене и ме присили. Не дадов согласност за тоа, раскажува Пешн.
Таа додаде дека „не го препознала“ човекот кој излегол од таа бања… Целиот негов тон и сè било поинакво.
Во „Пропаста на Диди“ говори и продуцентот Родни Џонс – „Лил Род“, кој исто така го тужи Комбс. Според кажувањата, некогаш почитуваниот рапер сексуално го нападнал и го дрогирал повеќепати за време на снимањето на „Љубовниот албум“ „The Love Album“ на Диди од 2023 година. (МИА)
фото:You Tube printscreen/ Investigation Discovery