Живот и стил

Проја со младо сирење: Доручек по кој ќе полудат домашните

Проја со младо сирење:  Доручек по кој ќе полудат домашните

Проја со урда и јогурт е одлична замена за леб, но и одлично уживање за гости.

Состојки:

200 гр пченкарно брашно
100 гр пченично брашно
1 лажичка прашок за пециво
250 мл јогурт
100 ml кисела вода
100 мл масло
1 парче сирење
сол, ако сирењето е несолено

Подготовка:

Проја е традиционално јадење кое може да биде одлична замена за леб, но може да се служи и на гозба со предјадење. Постојат различни рецепти за проја, а денес пробајте го овој со урда и јогурт.

Во сад измешајте пченкарно и пченично брашно, прашок за пециво и малку сол. Додадете јогурт, кисела вода и масло и сè убаво измешајте додека не добиете изедначена смеса. На крајот, измешајте го искршеното сирење.

Загрејте ја рерната на 200°C. Обложете ја тавата со хартија за печење и истурете ја смесата. Печете 25-30 минути, додека пројата не добие златножолта боја и не стане цврста.

Извор: Попара
To top