Радио Милева финансиски проблеми

„Приход милион, трошок милион и пол“: Снежана Ѓуришиќ заврши во долгови (фото) 

„Приход милион, трошок милион и пол“: Снежана Ѓуришиќ заврши во долгови (фото) 

Пејачката Снежана Ѓуришиќ беше во брак со Слободан Гвозденовиќ пред да се заљуби во гинекологот Вања.

Западнале во долгови на многу млади години поради, како што вели, „свлечиштето на Дедиње“:

-Мојот сопруг беше многу способен, освен со музика се занимаваше и со трговија и на Дедиње најде плац и куќа од кал и ја купи. Чинеше 30 милиони, а ние имавме милион во куќата. Потоа настана хаос во однос на плаќањето и работата. Во тоа време таму беше забранета градба, но да не бидеме  долги, успеавме да добиеме дозвола за изградба на куќа. Секојдневниот приход ни беше милион, а трошоците милион и пол и се задолживме – изјави пејачката во една прилика во емисијата „Из профил“ и додаде дека смртта на нејзиниот сакан била шок од кој долго време не можела да се опорави.

Снежана по неговата смрт решила да ја продаде вилата на Дедиње и да побегне од сето она што секојдневно ја потсетувало на нејзината најголема љубов: 

– Ја продадовме таа куќа кога Марко доживеа несреќа, а потоа реков: „Слушај, многу плачев овде и сакам да побегнам од тука“, и тоа го направив. Кога пред неколку години реши да ја напушти елитната белградска населба Дедиње, на пејачката Снежана Ѓуришиќ и беше најважно да најде мирно катче во кое невознемирено ќе ужива со семејството, а тоа беше куќата во Јајинци во која живее денес.

фото: printscreen/instgaram/snezana.djurisic_/snezana_djurisic_fp1_

To top