Во име на Општина Вевчани, градоначалникот, г-динот Спасе Кочовски и организаторите на годинешниов „ВЕВЧАНСКИ КАРНЕВАЛ“ утре 3-ти Јануари (петок), 2025 година со почеток во 11.00 часот во ресторан „Пелистер“ лоциран на градскиот плоштад Македонија во Скопје, организираат PRESS конференција .
На пресот ќе бидат обзананети и обелоденети сите детали и поединости, како и целокупната музичка и културно-уметничка програма, изведувачите и саатницата на годинешниов „ВЕВЧАНСКИ КАРНЕВАЛ“ кој традиционално се одржува од 12 до 14 јануари.
На пресот покрај присуството на претставниците на македонските медиуми ќе биат присутни и градоначалникот на општина Вевчани, Спасе Кочовски, како и Министерот за култура и туризам во Владата на Република Македонија, Зоран Љутков.