Радио Милева реакција

„Препотени, дехидрирани и сварени дечиња“: Сашко Коцев остана запрепастен од глетката во училиште (фото)

„Препотени, дехидрирани и сварени дечиња“: Сашко Коцев остана запрепастен од глетката во училиште (фото)

Годинава летниот распуст за учениците ќе започне на 18 јуни, што порано не беше случај, додека школската година завршуваше на 10 јуни.

Одлука беше донесена минатата година кога Министерството за образование и наука предложи промени за учебната 2023/2024 година во основните и средни училишта.

Но поради тоа  учениците од основното и средното образование оваа година добија пролетен распуст, од 29 април до 5 мај, па така  учебната година се продолжи и ќе трае до 17-ти јуни.

Сепак високите температури во овој период кај нас во Македонија се високи, а училиштата не се опремени со климатизирани училници . На тоа родителите не останаа рамнодушни и ги искажаа ставовите и мислењата и на социјалните  мрежи.

Таков впечаток од училиштето  доби и  актерот Сашко Коцев кој јавно им се обрати  на сите  и доби многу коментари под  неговата реакција.

Коцев на неговиот Фејзбук профил упати критика на оваа одлука, и ги спомна дечињата  кои поради тоа сега трпат, а во тоа го подржаа  голем дел од неговите фановите.

 

„Бев во училницата на моето дете. Ми пријдоа да ме поздрават 19 снемогнати, препотени, дехидрирани, сварени дечиња…секако и учителката не беше во подобро расположение! Зошто 17.06? Зошто???????“, праша Сашко Коцев на својот профил.

Сепак имаше и такви  за кои пролетниот распуст е потребен , но се забележува дека поголемиот дел не го одобруваат тоа поради климата во Македонија.

фото: printskrin/instagram/Facebook

 

To top