Живот и стил

Предлог рецепт на денот: Омлет со спанаќ

Предлог рецепт на денот: Омлет со спанаќ

Состојки (за 1 лице)

За еден омлет:

2 јајца
Сол и бибер по вкус
1 лажичка путер
1 лажичка маслиново масло
2 раце свеж спанаќ
4-5 шери домати
3 гранчиња магдонос
Начин на подготовка:
Скршете ги јајцата во сад и изматете ги со малку сол и бибер. Измијте го спанаќот (не е потребно дополнително сечкање).
Во тава загрејте малку путер или маслиново масло. Истурете ги изматените јајца во загреаната тава. Оставете да се печат без мешање. Додајте го спанаќот и пржете кратко, додека овене. Потоа додадете ги шери доматите и наросете со магдонос.

извор:курир.мк
фото:Freepik

To top