На гробиштата во Чачак денеска ќе биде погребан легендарниот рокер Бора Ѓорѓевиќ.
Комеморацијата беше закажана во 11:00 часот во Центарот за култура – Чачак.
Непосредно пред тоа пристигна огромен венец со две вкрстени гитари на кој пишува „Последниот поздрав за нашиот Бора“. Симболично да го испрати великиот и неповторлив музичар и поет, кој својaта последна желба ја преточи во стихови: „Не трошете џабе пари, не сум толку важен лик. Вкрстите две гитари, тоа нека биде споменик“ – се стиховите на Бора, а по пристигнувањето на ваквиот венец кој има болна симболика, присутните не можеа да ги задржат солзите и сокријат тагата.
Фото: Инстаграм/_rina.rs