За многу домаќинки, Велигденското уредување на домот е вистинска радост, која оди многу подалеку од обичната кошница со фарбани јајца.
Денес, на Велики Четврток, познатите Македонки им прикажаа дел од домашната магија на пријателите преку „Инстаграм“, ловејќи ја убавината на украсената трпеза заедно со трите Велигденски јајца.

Ова утро, пред зората, домаќинките ги бојат првите три јајца. Прво џвакаат малку леб, се свртуваат кон исток, се прекрстуваат и ги фарбаат првите три црвени јајца.

Божјачето – првото – се остава да го допрат првите сончеви зраци, па потоа се будат децата и со него им се прави „црвено-бело“ на лицето. Ова јајце се чува цела година до следниот Велики Четврток и е единственото што никогаш не се расипува.
Второто фарбано јајце, наречено и Господово, се смета за полно со лековита сила против болести.
Затоа овој ден е посебен за верниците и за овој обичај, додека останатите јајца се бојат на Велика Сабота. Сите верници ја почитуваат оваа традиција, а познатите повторно покажаа на социјалните мрежи колку се посветени и вредни.
Ирена Спировска – Велики Четврток


Ирена Велјановска – За многу години!


Ирина Дишо – Направете ме старомодна, но традицјата за три црвени јајца бојадисани на Велики Четврток пред изгрејсонце ја негувам со почит и не ја менувам. Со првото бојадисано јајце ги поминувам сите додека спијат. Црвено бело здраво живо и весело! За многу години нека ни е !

Марјана Станојковска – За многу години Велики Четврток!

Милена Антовска

Снеже Велкова – Велики Четврток

Вера Мештеровиќ – Црвено, бело, полно како јајце…. Велики Четврток!

Foto: printscreen/instagram






