Аца Лукас во својата автобиографија „Ова сум јас“ откри непознати детали од неговиот живот, меѓу кои и наводното изневерување на поранешната сопруга Соња Вуксановиќ со еден познат кошаркар. Како што напиша Аца Лукас во својата книга, односот со Соња по бројните расправии бил крајно лош и се’ се сведувало на заеднички живот поради медиумите и нивната ќерка.
Парот во еден момент планирал да замине во Америка, но Аца бил одбиен, па Соња се спакувала и отишла во Мајами со детето, кај својата пријателка.
„Се врати насмеана, среќата и се гледаше на нејзиното лице. Лежев на креветот и играв некоја коцкарска игра… За среќа или за жал – го гледам таблетот на Соња… Го вклучувам таблетот и гледам непотпишана порака, но со ликот на испраќачот. Слика со брадест маж на неа. Порака испратена од Америка“ – стои во книгата.
Врз основа на описот, многумина дошле до заклучок дека се работи за познат кошаркар кој Лукас го криел зад псевдонимот „Мајами“ во книгата, а тоа е познатиот кошаркар Марко Јариќ. Така Лукас решил да ја сотера Соња во ќоше, па и приредил непријатна ситуација.
„Лукас веќе некое време се сомневал дека Соња го изневерува. Не можел да одреди за кого станува збор, се додека една вечер не добил идеја да ги смени картичките во мобилните телефони и да се допишува со личноста со која неговата тогаш се’ уште актуелна се гледала во име на Соња. Бил шокиран кога дознал дека тоа е Јариќ“ – рекол изворот.
„За да не се прави драма пред се’ да излезе на виделина, една вечер, додека биле на вечера, во име на Соња му испратил порака на Јариќ веднаш да се јави. Кошаркарот го направи тоа, а потоа Лукас ѝ го подал телефонот на Соња и рекол: „Те бара некој, одговори“. Таа останала вознемирена и засрамена, а фолкерот така сфатил дека се’ е вистина“ – заклучува изворот.
Фото: Инстаграм/sf__fashion__style/aca_lukas_fan_page