Звецкањето и звукот на оружјето никој нормален не сака да го слуша… Зашто кога тоа говори, најчесто разумот молчи, а судбината масовно се оплакува. Се разбира освен кога тоа е неизбежно, во нужна одбрана нa се’ она што ти е најмило и најсвето. Во тој случај во историјата по оружје посегнувале и мажи и жени. Во светската, а и во нашата… Од Јованка – Орлеанка, до Сирма – Војвода или Невена Георгиева – Дуња…
И денес по оружјето посегнуваат исто така познати Македонки… И тоа естрадни, музички или ТВ лица… Само не за борба со непријателот, туку за позирање пред фото објективот. Некои од нив до грло закопчани, други доволно подразголени, ама сите наоружани со бујни атрибути, неодолив сексапил и еротски набој што ве води директно во бој… со хормоните!
Поп пејачки, фолкерки, ТВ водителки, манекенки, модели, старлети… Сите цврсто го држат в рака она што е убоито, само во различна поза, во различен амбиент и на различна локација… Слика за возбуда на целата нација, најмногу за машката популација. Разголени македонски убавици, наоружани „до заби“, со пиштоли, пушки и катани во рацете за еротски набој во градите.
Една под првите која јавно се сликаше со оружје в рака е битолската фолкерка со скопска адреса, Марија Луиса Тодоровска.
Доволно разголена во „садо мазо“ аутфит со пиштол и лисици в рака, пејачката ја предизвика јавноста на бурни реакции.
Позитивни или негативни, во зависност од тоа колу сте напредни или конзервативни… или барем ерективни!
Нејзината колешка, исто така фолк пејачка од Кратово, Зорица Георгиевска и буквално го фатила истиот терк.
До душа како „верна копија на оригиналот“, ама секако не изостанал набојот…
Оној еротскиот, а и овој „убоитиот“ и по она што пејачката го носи во деколтето и заради она што го држи во рака.
Кога сме веќе кај фолк пејачките, русокосата Србинка која долго живееше и работеше по кафеаните и клубовите низ Македонија, од каде замина за Бугарија, а сега е на релација Белград-Софија, е Марина Тошиќ.
Разголените фотосесии и селфи фотографии и ја следат од самиот почеток кариерата, ама вака наоружана со „тешка артилерија“, ретко се гледа.
Нејзината македонска колешка, фолкерката Јованка Житарова исто така сме ја гледале во различни еротски фото изданија.
Убавата и расна Јова неретко знаела како да ги истакне своите телесни атрибути, ама очигледно знаела и нешто друго…
Веројатно сликана во далечната Алјаска каде што со години живееше пред да се врати назад во Македонија, Јованка покажува како се држи снајпер кога сакаш некого да го имаш на нишан.
Една од пејачките кои повеќе не живеат во Македонија е и Маја Вукичевиќ.
Згодна и стројна и во далечната Австралија, очигледно се’ уште спремна да се фати за микрофон… Ама и за „златен пиштол“!
Нејзината колешка од „онаа генерација“ македонски пејачки, која последниве години ја гледаме и во улога на ТВ водителка, Јулија и покрај годините изгледа многу помлада и мошне привлечна.
Можеби раскопчаната тексас кошула до папокот, каубојскиот шешир и колтот се од некое друго време, ама Јулија се’ уште успешно и одолева на возраста.
Една друга пак македонска пејачка, доскорешна мисица и модел, значително помлада од двете претходни се’ уште добро и успешно се носи со еротските фотосесии и разголените изданија на социјалните мрежи.
Како и не би кога Кристина Димитри има телесна дарба на која многумина колешки би и позавиделе, а во себе носи сексапил кој хормоните ги бранува и буди, па нема вистински маж што нема да го возбуди.
Расната тетовка пука од еротски набој и возбуда, а пушката е тука само заради сценариото и режисерските замисли на еден од музичките видеоспотови.
На македонската старлета Драгана Спасовска тешко и се одлева… Не одолејаа ниту Бугарите, ниту Жерард Пике, ниту шеиците во Дубаи…
Еден фрлен поглед на неа однапред или одзади, на бујната напрчена задница и уште побујните силиконски гради се доволни таа фатална привлечност да ве маѓепса и омами.
Едноставно таа е фатално неодолива, во секој момент подготвена да ве остави подзинати, со падната вилица до колена… Арно ама исто така е и спремна и на нешто друго…
Внимавајте да не ја поминете нејзината замислена „црвена линија“, зашто Драгана е подготвена да биде и тоа како „убиствено прецизна“.
Конечно не се сите вешти само со огненото оружје… И тоа веројатно не само за на фотографија. Некои познати Македонки и со „ладно оружје“ умеат да ја вжештат атмосферата. Ако не повеќе барем на фотографија, како на пример ТВ новинарката Александра Спировска.
Пловењето по брачните води и е повеќекратна навика, некои би рекле и мана, ама затоа баратањето со мечот и е очигледно повеќе од хоби, особено со јапонската катана.
Можеби затоа досега на оној што убавината на брачниот живот не знаеше да и ја долови, Александра со еден замав умееше бракот да го преполови!
Фото: Социјални мрежи