Трагедијата што се случи во кобната ноќ во дискотеката „Пулс“ во Кочани остави длабока рана не само во Македонија, туку и низ целиот регион и Балканот.
Сочувство и поддршка пристигнуваат од сите страни, а меѓу оние кои јавно ја изразија својата болка и жал е и српската пејачка Марија Микиќ.
Микиќ откри дека и самата имала настапи во дискотеката „Пулс“ и дека тој простор ѝ останал во сеќавање како место полно со енергија, млади луѓе и музика.
Во едно од своите интервјуа, таа раскажа како изгледал клубот – како место каде младите доаѓале да се забавуваат и да создаваат спомени, никогаш замислувајќи дека таму ќе се случи ваква незамислива трагедија.
„Ќе бидам потполно искрена…кога дојдовме пред клубот мислевме дека сме ја згрешиле адресата. Кога ќе влезеш внатре е друга приказна, изгледа како вселенски брод. Огромна спротивност на тоа што не дочека надвор. Публиката беше прекрасна, прекрасна енергија, што не очекував од едно мало место како Кочани. Но навистина се наежив цела“, вели пејачката.