Шон Диди Комбс, попознат како Пи Диди, се појави пред судија пред неколку дена за првпат откако беше уапсен за вандализам, сексуална злоупотреба и трговија со луѓе.
Неодамна неговиот адвокатски тим по третпат поднесе барање за кауција, што беше одбиено од судијата.
За време на првото појавување на Диди на судењето, судијата закажа и финално судење и тоа е закажано за 5. Mај 2025 година, до кога тој ќе биде во притвор.
View this post on Instagram
Неговото судење ќе се одржи во ист ден со овогодинешната Мет Гала, каде што неколкупати гостуваше.
Инаку, Диди неодамна побара да му бидат предадени сите докази за да може да се подготви за одбрана на судењето. Неговиот правен тим бараше пристап до сè што федералните власти запленија од домовите на раперот во Мајами и Лос Анџелес, вклучително и мобилни телефони, таблети, лаптопи и слично.
фото:Instagram printscreen/ pdiddypuffy