Старлетата Станија Добројевиќ го промени својот имиџ, и наместо долгата коса по која беше позната со години, сега има паж фризура. Откако Асмин Дурџиќ јавно раскина со неа пред камерите во „Елита 9“, Добројевиќ реши да сврти нов лист, па ги врати сите подароци што ги доби од него додека беа во врска, но и целосно го промени својот изглед.

Имено, Станија со години е позната по својата долга црна коса, а сега ги шокираше луѓето кога објави фотографии на Инстаграм со паж фризура.

Станија позираше со пократка коса и шишки, и иако повеќето од нејзините следбеници мислат дека станува збор за перика и дека Добројевиќ не се откажала од својот адут, повеќето коментираа дека дури и пократката коса одлично ѝ стои.

„Изгледаш помлада“, „Многу подобро без надградбата“, „Одлична промена“, се само дел од коментарите.
Патем, неодамна на интернет се појави преписка помеѓу учесничката во реалното шоу Анела Ахмиќ и Асмин Дурџиќ додека тој беше со старлетата Станија Добројевиќ. Дурџиќ ѝ испраќаше еротски пораки на Анела и отворено ја покануваше на интимни врски, нагласувајќи дека му недостига и ја сака.
Foto: Printscreen/Instagram/stanijadobrojevic







