Мегафон детска аудиција

„Поточиња“ со аудиција за нови членови од 11-ти до 13-ти септември

„Поточиња“ со аудиција за нови членови од 11-ти до 13-ти септември

Детскиот фестивал Поточиња со голема радост и задоволство известува дека од 11 до 13 септември 2024 година во ООУ “Ѓорѓија Пулевски” (населба Аеродром) ќе одржи Аудиција за прием на нови членови – учесници на новото фестивалско издание „Поточиња 2025“.

Нашите идни Поточиња потребно е да ни отпеат една омилена песна по избор и притоа да понесат широка насмевка бидејќи мисијата на Поточиња е среќни, весели и безгрижни деца.


Како што е напоменато Аудицијата ќе се одржи во горенаведените три дена во период од 18:00 до 19:00 часот, а самото пријавување се врши на лице место.
Аудицијата е за деца на возраст од 5 до 10 години.


Додека нашите нови Поточиња се подготвуваат за долгоочекуваната Аудиција погледнете како изгледаше последното 21. издание на фестивалот кое дури седум пати ја исполни до последното место големата сала на Македонската Филхармонија.


Не ја пропуштајте можноста Вашето дете да стане дел од најубавата детска музичка приказна!

To top