Радио Милева „чистка“

После пет години кажа крај: Новак Ѓоковиќ донесе неочекувана одлука и остана без уште една блиска личност (фото)

После пет години кажа крај: Новак Ѓоковиќ донесе неочекувана одлука и остана без уште една блиска личност (фото)

Новак Ѓоковиќ ја прекина соработката со кондициониот тренер.

Сезоната се вжештува, а со тоа и турбуленции во тимот на Новак Ѓоковиќ. Еден од најдобрите светски тенисери неодамна го отпушти тренерот Горан Иванишевиќ, но „чистките“ не завршуваат тука.

Овој пат тој се збогуваше со кондициониот тренер Марко Паничи, италијански стручњак кој му се приклучи на неговиот тим во 2019 година, иако и пред тоа долго време соработуваа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole)

„Гранде Марко, какви неверојатни години соработка имавме. Стигнавме до врвот, освојувавме титули, уривавме рекорди…“ со трогателни зборови му се обрати Ноле на тренерот.

„Но, најмногу од сè уживав во нашите најобични денови за вежбање во и надвор од салата.

„Ти благодарам Романиста (како што те нарекува Горан) за целата енергија, труд и време што го вложи за да ме направиш најдобар можен играч и личност што можам да бидам. Многу љубов, и се гледаме наскоро во Рим. Форзааа!“
Многумина беа изненадени по оваа објава, бидејќи помина едвај нешто повеќе од еден месец откако ја прекина соработката со Иванишевиќ, што исто така беше шок. Што се случува, прашуваат фановите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole)

Марко Паничи е поранешен шампион во скок во далечина, а како реномиран фитнес тренер работеше со членовите на тениските тимови на Италија, Германија, Кина, Израел и Хонг Конг.

Со негова помош Новак освои десет титули на најголемите турнири и трипати ја заврши годината на врвот на АТП листата. Паники воведе елементи на јога и таи чи во неговиот тренинг режим, како и превенција од повреди. Не е познато зошто е прекината успешната соработка.

фото:Instagram printscreen/ djokernole

To top