Радио Милева прекрасно чувство

Поранешната „Ураганка“ подготвена да стапне на лудиот камен: Ивана Николиќ проба венчаници па проговори за брак (фото)

Поранешната „Ураганка“ подготвена да стапне на лудиот камен: Ивана Николиќ проба венчаници па проговори за брак  (фото)

Ивана Николиќ важи за една од  најатрактивните пејачки на естрадата, а нејзиниот љубовен живот привлекува големо внимание.

Таа сега проговори за медиумите за својот брак, откривајќи каква венчаница би сакала да носи.

„Всушност не една, туку четири и можам да ви кажам дека чувството е прекрасно. Би било тешко да се избере само една, но во оваа прилика не морав да го стеснам изборот. Иако раскошна принцеза е како скроена за мене, исто така многу ми се допаѓаат моделите со крој на сирена кои одговараат на телото. Не знам кога ќе се омажам, но знам дека после ова искуство дефинитивно ќе сменам неколку фустани на свадбата“, низ насмевка вели Ивана.

Да потсетиме, Сандра Африка неодамна ја обвини Ивана дека ја фатила со поранешното момче, фудбалерот Владимир Волков.

„Таа не ми беше пријателка, таа беше моја колешка. Само кажувавме ‘чао, чао’, не се дружевме. Таа ми ја отвори вратата, тој не. Во тоа време не ги погледнав нејзините цицки бидејќи бев во шок. Тоа беше моето поранешно момче, фудбалер, со кој бев пет-шест години. Раскинавме и не бевме заедно околу три или четири месеци. И после тоа време се слушнавме и почнавме повторно да се гледаме. Слушнав некаде дека е со таа моја колешка и ми кажа дека се гледале, но дека веќе не е со неа. Ме излажа за тоа затоа што продолжи да се гледа и неа и мене –  изјавила Сандра.

Фото: printscee/instgaram

To top