Еуфоријата околу победата на Македонецот Никола Станишиќ се уште трае, особено кај него и секако неговите поддржувачи кои го следеа изминатата сезона од „Ѕвездите на Гранд“.
Никола веќе го доби и автомобилот за што секако покажа јавно, но вчеравечер се почувствува недокажан, па ја прозва неговата менторка Цеца Ражнатовиќ.

-Ти Благодарам за се’, објасни што значи да се биде ментор! – пишува Никола.
Цеца не остана нималку должна, па веднаш му реплицираше со коментарот:
-Се’ си заслужи, јас само бев твојот ветар во грб…советнк,пријател, го искористив долгогодишното искуство…ти пееше! Победата е само твоја!- гласи одговортот.

Цеца и Никола очигледно добро се поврзале како ментор и ученик, што Станишиќ сега ја ословува со „мама“.


Евидентно е дека балканската ѕвезда и тоа како умее да се поврзе и зближи со своите кандидати, особено Македонците.

Еден таков претходен случај беше и Мики Секуловски кој денес и пее придружни вокали на концерти.
фото:Instagram printscreen/nikolastanisik







