Оваа година, Швајцарија победи на Изборот за песна на Евровизија 2024 година.
По прогласувањето на победникот, Немо успеа да го скрши победничкиот трофеј на половина и на тој начин го повреди палецот.
Сепак, како што истакна, се е во ред и тоа не му го намалува моменталното расположение.
– Целото ова искуство беше многу интензивно и не секогаш толку пријатно, многу работи се поврзани со љубовта и заедништвото, имаше толку многу различни култури и луѓе кои беа позитивни, посветени на музиката и ми даваа надеж… Не го скршив само кодот , веќе го скршив трофејот, како и палецот, но се е ок, имам и нов трофеј – низ смеа изјави Немо.
Да потсетиме, Немо Метлер на Евровизија ја испеа песната „The Code“, која, како што вели, делумно била инспирирана од реалниот живот. Немо има 25 години и се декларира како небинарна личност, односно како ниту машко ниту женско, туку како „тие“.
Фото: printskrin/YouTube/nemothings