Пиперките се секогаш добредојдени на трпезата, па можете да направите лесен оброк за целото семејство.
Состојки:
6 пиперки
300 гр фета сирење
1 чаша кисела павлака
2 јајца
магдонос
малку масло
Подготовка:
Измијте ги и исчистете ги пиперките. Измешајте сирење, павлака и јајца, добро соединете и зачинете.
Со оваа смеса наполнете ги пиперките и наредете ги во плех подмачкан со масло.
Се пече во рерна загреана на 200 степени околу половина час.
фото: FreePick