Висината на го прави човекот, неговата големина треба да биде многу повеќе од физичка.
Но, доблест е и кога се прифаќа физичкиот недостаток во метри и сантиметри, токму како што тоа го прави Владимир Блажев или попознат како Панчо ДНК кога неодамна беше гостин во утринската емисија „Здраво Македонијо“ и домаќинката на денот Вера Мештеровиќ.
Е сега улогите се сменија, одоносно во предност беше гостинот, а на домаќинот му требаше столчето како помагало за да стигне до висината на предизвикот.
Имено, на гости во студио беше претседателот на КФМ Перо Антиќ, а од спротивната страна беше водителот Роберт Јавнов. Ако Панчо можеше да ја покаже својата „големина“, зошто да не и Роберт?
Завршија со разговорот што беше предвиден, па тргнаа да се пошегуваат и да ја покажат својата духовитост, особено Роберт.
Се качи на столчето и позираше до Перо, а бидејќи тој е повисок од 2м, водителот и не беше така „ниско“.
Моментот секако не помина без фотографија која си ја споделија и двајцата на социјалните мрежи.
фото:INstagram printscreen/ utrinska_zdravo_makedonijo