Нела Видаковиќ откри дека колегата Дарко Лазиќ и се додворувал.
Имено, Нела откри дека добила ружа од Дарко Лазиќ за време на снимањето на една музичка шоу програма, а како што вели, тешко можела да одолее на неговиот шарм.
– Дарко ми пријде и ми рече – имаш убава коса, па вели „блескаш денес“, секогаш знаеш такво нешто, некои комплименти… – рече таа и додаде:
View this post on Instagram
– Дарко Лазиќ ми подари црвена ружа пред сите. Па што ќе правам, се изненадив, да не бев мажена во тоа време, веројатно немаше да одолеам на таков шарм и не ме чуди што жените го сакаат – изјави Нела Видаковиќ.
Дарко Лазиќ и неговата сопруга Катарина наскоро ќе добијат девојче.
Катарина е веќе осми месец бремена и редовно споделува моменти од семејниот живот на Инстаграм.
Таа неодамна објави фотографија од времето кога се запознале, потсетувајќи се на почетокот на нивната љубов.
фото:Instagram printscreen/darkolazicofficial