Давид Гиевски (29) од Скопje беше уште еден Македонец кој се претстави на натпреварот „Ѕвездите на Гранд“ со две песни, една од Саша Матиќ и една од Милиграм, а неговиот настап заврши со резултат од 5 гласа „За“ спрема 2 гласа „Против“.
Натпреварувачот веднаш рече дека со денови страдал од висока температура и дека сè уште има проблем со гласните жици и засипнатоста.

Ѓорѓе Давид беше првиот што го коментираше настапот на Гиевски и објасни дека натпреварувачот има голем проблем, кој е тешко да се поправи, а кој музичарите во сленг го нарекуваат „блеење“ или „аномалија“ попознатата како „јарешко вибрато“.

„Ова тешко се поправа, иако може да се поправи, но потребно е многу работа и дисциплина. Сепак, имаше многу малку грешки како Македонец кој пее на српски јазик, но вашиот глас заради настинката е надвор од употреба во моментов“ – рече рокерот.
Милиграм му даде глас на Давид меѓу првите, бидејќи, како што вели, многу му се допаднало како звучел во неговата песна „21.век“.

„Тешко е бидејќи има многу тонови таму долу, а вие го изведовте рефренот фантастично. Првата песна на Саша Матиќ не е за тебе. Она што е важно кај тебе, на првата песна веднаш препознав изведувач кој ќе биде подобар секој нареден пат, тоа си ти, и тоа го заслужува мојот глас“ – беа зборовите на Мили.

Кеба и Дара беа единствените членови на жирито кои му го притиснаа копчето за паника, таканаречениот „паник тастер“ при изведбата на македонскиот натпреварувач, бидејќи очигледно не им се допадна изведбата на Давид.

„Ми се чинеше како немаш искуство иако имаш 29 години. Беше невешто, аматерски, а втората песна, не мора да се загребеш како Тифа, можеш да ја „извозиш“ таа песна и не мора да асоцира наТифа. Мислам дека можеш подобро, ти посакувам многу среќа во баражот“ – заклучи Кеба.

Давид Гиевски сепак заврши во баражот каде доби втора шанса, каде што од 9 кандидати тројца поминаа понатаму, но одлуката на жирито беше таква што македонскиот претставник сепак не беше избран меѓу нив.

Погледнете ја целата емисија, а настапот на скопјанецот Давид Гиевски е на 02:46:55 минути…
Фото: Youtube printscreen/Zvezde Granda – Cela Emisija 10 – ZG 2025/26 – 29.11.2025



