Пејачот Бора Ѓорѓевиќ ги напиша речиси сите песни за „Рибља чорба“, а малкумина знаат дека тој е автор и на многу народни песни.
Една од најпознатите народни песни, Бора ја напиша за Шабан Шаулиќ. Станува збор за песната „Prikrašću se tebi pod prozore“ од 1985 година, која кај народот стана позната како „Preskočiću tarabu i jarak“.
– Ја имав честа Шабан да пее и да го состави мојот текст. Исто така, имавме заедничка страст – риболов. Во Крчедин се собравме преку пријателот Милош. Заедно игравме фудбал и за естрадната репрезентацијата против Италија. Тој и Миша Мијатовиќ одиграа одлично – изјави тогаш Бора, откривајќи како настанала познатата песна:
View this post on Instagram
– Тоа е сосема измислена ситуација, моја имагинација. Кога бев мал често одев во село Миросаљци – изјави Бора.
Тој исто така призна дека на почетокот не сакал да ги потпишува своите песни што ги продавал на фолкери.
– Па, тоа беше логично. Но, подоцна сфатив дека тоа се сепак квалитетни, добри текстови – додаде Бора.
Покрај споменатата песна, Бора напиша и голем хит за Тозовац и Нада Топчагиќ.
– За Тозовац ја напишав „Vodeničarevu kći“. Па, има и за Нада Топчагиќ „Evo moga bekrije“ – рекол Бора, а пренесува „Гранд онлајн“.
фото:Instatgram printscreen/ribljacorbaofficial